Во Шпанија првпат по два месеци помалку од 100 починати за 24 часа, се укинуваат уште мерки

Во Шпанија денеска се регистрирани 87 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, првпат помалку од 100 за два месеци, еден ден пред новото ублажување на мерките за карантин, што нема да важи за Мадрид и за Барселона.

„Првпат по долго време имаме помалку од 100 починати, што е добра вест“, рече денеска директорот за итни служби Фернандо Симон. Во пикот на епидемијата во почетокот на април за еден ден починаа 950 пациенти.

Шпанија е една од земјите што се најзафатени со пандемијата, со вкупно 27.650 смртни случаи, според податоците на Министерството за здравство од неделата. Пријавени се повеќе од 231.000 случаи на инфекција потврдени со тестови.

Симон рече дека Шпанија, каде што беа воведени едни од најстрогите рестриктивни мерки, е многу близу до запирање на преносот на инфекцијата кај луѓето благодарение на напорите на населението, но предупреди дека сè уште постои голема опасност од втор бран.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе