Речиси 95.000 заразени, 20.000 оздравени

Во Шпанија преку ноќ рекордни 849 починати, но епидемијата благо забавува

Бројот на случаите на ковид-19 во Шпанија се искачи од 85.195 вчера на 94.417 утрово, додека бројот на починатите се зголеми за 849, на 8.189, според најновите бројки на шпанското Министерство за здравство.

Зголемувањето на бројот на починати е највисокиот еднодневен број во земјата од почетокот на епидемијата. Сепак, и покрај ова, процентуално се забележува благ понизок пораст отколку во претходните денови.

Шпанскиот здравствен шеф за вонредни ситуации, Фернандо Симон, во неделата вечер се тестираше позитивно на коронавирусот и беше заменет од неговата заменичка, Марија Хозе Сиера, која потврди дека досега најмалку 12.229 здравствени работници се тестирани позитивно на ковид-19, што претставува приближно 14 проценти од вкупните инфекции во земјата.

Во меѓувреме, скоро 20.000 луѓе оздравеле од заразата, која го разори здравствениот систем на земјата во сè уште втората најголема епидемија во Европа.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе