Во Саудиска Арабија прв случај на коронавирус

Саудиски државјанин, кој пристигнал од Иран преку Бахреин, е позитивно тестиран на новиот коронавирус.

Првиот случај на новиот коронавирус е регистриран во Саудиска Арабија, објави денеска Министерството за здравство во земјата.

„Лабораториските тестови го потврдија првиот случај на инфекција со новиот коронавирус“, велат од Министерството, објаснувајќи дека саудиски државјанин што пристигнал од Иран преку Бахреин е тестиран позитивно на новиот коронавирус. Пациентот е ставен во карантин во медицинска установа, каде што е под медицински надзор. Идентификувани се сите лица со кои тој бил во контакт, соопшти Министерството.

Бројот на заразени со коронавирус се зголемува во европското жариште, Италија, а Франција денеска го затвори светски познатиот музеј Лувр додека епидемијата, која почна во Кина, шири страв низ Западна Европа, заканувајќи ѝ се на нејзината туристичка индустрија.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе