Во САД задолжително вакцинирање или тестирање и во приватниот сектор, казните се брутални

Во САД е воведена задолжителна вакцина или тест за вработените во големите компании, а таа обврска ќе важи од 4 јануари.

Фото: ЕПА

Според правилата објавени денеска, компаниите што нема да ги почитуваат тие прописи се соочуваат со казна од 14.000 долари по прекршок.

Со новата регулатива ќе бидат опфатени околу 84 милиони работници во средните и големите компании.

Не се знае колку меѓу нив се невакцинирани.

За околу 17 милиони вработени во домовите за стари лица ќе важат построги правила. Тие нема да имаат можност за тестирање еднаш неделно, туку ќе мора да се вакцинираат.

Засега не е јасно како властите планираат да ги спроведат новите прописи.

Прекршувањето на преземените мерки може да резултира со парична казна од 14.000 долари, а таа сума се зголемува со последователни прекршувања, објаснија владините претставници.

Тие, сепак, не кажаа дали работниците ќе бидат отпуштени ако не се вакцинираат или ако одбијат редовно неделно тестирање.

Од вирусот САРС-КоВ-2 досега починаа повеќе од 745.000 Американци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе