Во САД веќе гласале над 85 милиони луѓе, на поштата ѝ се наредени вонредни мерки

Американски федерален судија во петокот ѝ нареди на американската Поштенска служба (УСПС) да воведе „вонредни мерки" за да се обезбеди навремена испорака на милиони гласачки ливчиња исполнети врз основа на остварување на правото за предвремено гласање воочи претседателските избори на 3 ноември.

EPA-EFE/PETER FOLEY

Судијата Емет Саливан рече дека наредил да се преземат мерки на места каде поштенската обработка на пополнетите гласачки ливчиња е под 90 проценти најмалку два дена, од 26-28 октомври.

На тој список, меѓу другите, се и Алабама, Алјаска, Атланта, централна Пенсилванија, Колорадо, Вајоминг, Детроит, Форт Ворт во Тексас, Индијана, Јужна Каролина, Луизијана, дел од Мисисипи, северниот дел од Нова Англија и Оклахома.

Главниот државен правобранител на Вашингтон, Боб Фергусон, нареди расправа во одделен случај во Поштенската служба откако податоците покажале „континуирано слабо испраќање на поштата со гласачки ливчиња во некои региони“. Така, навремената испорака на гласачките ливчиња во округот Детроит, Мичиген, паднала на 57 проценти, додека обработката и испраќањето на национално ниво е 93 проценти или поголема.

Поштенската служба во петокот објави дека презема низа дополнителни мерки за доставување на пополнетите гласачки ливчиња.

Досега, рекордни 85 милиони Американци ги пополниле гласачките ливчиња воочи претседателските избори, објавено е во рамки на Американските изборни проекти од Универзитетот во Флорида.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/PETER FOLEY

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе