31-годишната Ема Коронел Аиспуро е фатена на меѓународниот аеродром Далес. Обвинета е за учество во дистрибуција на кокаин, амфетамин, хероин и марихуана.
63-годишниот Гузман служи доживотна во Њујорк поради трговија со дрога и перење пари.
Во текот на неговото судење во 2019 година се слушнаа шокантни извештаи за неговиот живот, од дрогирање и силување девојчиња на возраст од 13 години до извршување ладнокрвни убиства, пренесува Би-би-си.
Коронел Аиспуро освен за трговија со дрога е обвинета и за организацијата на бегството на Ел Чапо од затвор во Мексико во 2015 година кога неговите синови купиле земјиште покрај затворот и ископале тунел до Ел Чапо.
Аиспуро има двојно државјанство на САД и Мексико. Таа и Ел Чапо имаат две деца, близнаци. Речиси секој ден присуствуваше на судењето во Њујорк.
„Сопругот што го познавам не е оној што го прикажуваат на судењето. Јас му се восхитувам на човекот што го запознав и за кој се венчав“, кажа тогаш сопругата на Ел Чапо.