Во САД уапсена Русинка, обвинета дека е агентка на руската влада (ФОТО)

Руска државјанка е уапсена во Соединетите Американски Држави и е обвинета за „заговор за дејствување како агентка на Руската Федерација во САД“.

Американското министерство за правосудство ја идентификуваше жената како Марија Бутина, државјанка на Русија, обвинета за „развој на односи со американски лица и инфилтрирање во организации кои имаат влијание во американската политика, со цел остварување интереси на Руската Федерација“.

Според тврдењата, Бутина од 2015 до 2017 работела „според упатства на високорангиран функционер на руската влада“. Американското министерство соопшти дека тој функционер е под санкции.

Таа дошла во САД и останала да живее таму благодарение на студентска виза, се вели во соопштението.

Обвинението доаѓа само неколку дена откако минатата недела 12 руски функционери на воената разузнавачка служба беа обвинети дека се мешале во американските избори во 2016 и само неколку часа по самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе