Кај Сиетл

Во САД се појави првиот случај на мистериозната нова кинеска болест

На американски државјанин што неодамна се вратил од патување во централна Кина му е дијагностициран новиот вирус што предизвика епидемија и строг мониторинг низ целиот свет, соопштија денеска американските здравствени власти.

Мажот се вратил во областа кај Сиетл кон средината на минатата недела откако патувал во областа кај Вухан, каде што почна епидемијата. Тој е на 30-тина години и е во добра состојба во болница во Еверет, кај Сиетл. Не се смета за закана за медицинскиот персонал или за јавноста, рекоа здравствените власти.

Официјални лица изјавија дека тој немал никакви симптоми кога пристигнал на аеродромот Сиетл-Такома, но отишол на лекар во неделата кога почнал да се чувствува лошо.

САД се петтата земја што пријави дека ја има оваа болест, по Кина, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.

Засега шест луѓе починаа од болеста, сите во Кина, од кои повеќето со 60 или повеќе години и кои и претходно биле болни од нешто.

Властите првично рекоа дека веројатно се пренесува од животни на луѓе, но неделава Пекинг соопшти дека може да се пренесува и од човек на човек.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе