Клотилда

Во САД откриени остатоци од последниот брод со робови (ВИДЕО)

Остатоците од последниот познат брод со робови што пристигнал во САД се откриени во Алабама, потврдија во средата научниците и властите.

Клотилда, која илегално донесла 110 црнци во Алабама по педесетина години откако САД го забранија увозот на робови во 1807 година, е пронајден во реката Мобајл, Алабама, објави институтот Смитсонијан.

Комисијата за историјата на Алабама (АХЦ) и подводните археолози од групата Срч учествуваа во едногодишната протрага по намерно потонатиот брод пред речиси 160 години, со помош на Националниот музеј за афроамериканска историја Смитсонијан и Слејв рекс проџект (СВП).

„Речиси 160 години водите околу Мобајл ја криеја последната дестинација на Клотилда“, се вели во соопштението на АХЦ.

По пристигнувањето на Африканците, околу 25 лица биле продадени на трговците со робови, но повеќето останале во Мобајл во Алабама. По американската граѓанска војна, преживеаните од Клотилда ја основале населбата Африкаутан.

„Ова беше потрага не само за бродот. Ова беше потрага да ја пронајдеме нашата историја и ова беше потрага по идентитетот и ова беше потрага по правдата“, објасни кураторот на Смитсонијан и еден од директорите на СВП, Пол Гардуло.

„Ова е начин да се открие вистината за приказната која премногу често е прикривана“, изјави Гардуло.

„Африкаутан е заедница која економски е исцрпена и постојат причини за тоа. Правдата може да вклучува и признание. Правдата може да вклучува работи како отворен и искрен дијалог за помирување и обновување“, рече тој.

САД ја забранија трговијата со робови на 25 март 1807 година, но забраната стапила на сила во 1808 година, а ропството постоело се до 1863 година, кога пред крајот на Американската граѓанска војна е објавена Прокламација за еманципација со која се ослободени сите робови во јужноамериканските држави.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе