Во САД од коронавирусот умреа повеќе луѓе отколку во терористичкиот напад на 11 септември

Најмалку 575 луѓе умреа од компликации со коронавирусот денес во САД. Тоа е најголемиот број пријавени смртни случаи во еден ден откако изби епидемијата во Соединетите Држави.

Досега од вирусот ковид-19 во САД вкупно умреа 3.175 лица и со тоа вкупниот број на жртви го надмина бројот на загинатите во терористичкиот напад на 11 септември 2001, кога терористи со два грабнати американски патнички авиони ги урнаа зградите на Светскиот трговски центар. Со третиот грабнат авион удрија во Пентагон, седиштето на министерството за одбрана на САД, а четвртиот се урна во рурален дел на Пенсилванија, најверојатно на пат кон Вашингтон.

Вкупно во терористичкиот напад познат како 9/11 загинаа 2.996 лица (тука се вклучени и напаѓачите). Денес бројот на умрени во САД од новиот вид коронавирус го надмина бројот на жртвите во нападот од 2001.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе