Ланкастер, Пенсилванија

Во САД избувнаа немири за убиство на црнец, на снимката се гледа дека полицаецот се бранел (ВИДЕО)

Немири избувнаа во уште еден град во САД, Ланкастер, Пенсилванија, по уште едно полициско убиство на црнец, 27-годишниот Рикардо Муњоз, кое се случи во неделата.

Од протестите и немирите против полициската бруталност кон црнците од крајот на мај, кога бел полицаец го уби невооружениот црнец Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота, во САД се случија уште неколку полициски убиства или обиди за убиства на црнци. Но убиството на Рикардо Муњоз во секој случај се разликува од тоа на Џорџ Флојд.

Како што покажаа снимките од телесната камера на полицаецот што го уби Муњоз, овој полицаец очигледно пукал во самоодбрана. На снимката се гледа како Муњоз истрчува од куќата и директно го напаѓа полицаецот, држејќи нож над главата, во позиција подготвена за напад - „јасно видливо, во заканувачка позиција“, како што опиша локалното обвинителство во изјавата за случајот.

Потоа полицаецот го извлекува пиштолот и испукува неколку куршуми кон Муњоз. Неименуваниот полицаец дошол на адресата откако една жена се јавила во полиција и пријавила дека нејзиниот брат е агресивен кон нивната мајка и се обидува да провали во куќата, соопшти полицијата во Ланкастер.

Обвинителот, но и поранешната адвокатка на загинатиот Муњоз, Елизабет Лоу, во меѓувреме, потврдија дека Муњоз минатата година бил уапсен откако избодел четири лица во Ланкастер. Кога полицијата го пронашла, тој држел нож на сопствениот врат, но полицијата успеала да го совлада пред тој да се повреди себеси или други луѓе околу себе.

Сепак, кратко по убиството на Муњоз, повеќе од стотина демонстранти се собраа пред локалната полициска станица и ја блокираа рампата на влезот во станицата. Почнаа да фрлаат тули и други предмети кон полицајците и кон прозорците на станицата, оштетија паркиран полициски автомобил, како и зградата во близина на поштата, ја блокираа раскрсницата со искорнати сообраќајни знаци и канти за ѓубре и запалија еден контејнер.

Полицијата употреби солзавец и друго несмртоносно оружје за да ги растера насилните демонстранти.

„Исто така, цело утро (вчера) добиваме повици од сопственици на фирми и продавници што пријавуваат вандализам“, рече полицијата.

Полицијата вчера уапси осум демонстранти, од кои четворица дошле од надвор од градот, а двајца биле вооружени со пиштоли. Насилните демонстранти беа пријавени за палеж, институционален вандализам, носење оружје без дозвола, немири, нарушување на редот, блокирање патишта и други злосторства, соопшти полицијата.

„Секоја загуба на живот, без оглед како се случила, е страшна. Потребно ни е заедницата да се обедини и да остане смирена и да дозволиме да се одвива истрагата“, рече во неделата началникот на полицијата Џарад Берксихер.

„Бараме протестите да останат мирни бидејќи насилството и уништувањето на имотот ќе станат насловници и нема да служат за никаква цел, за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани и на нашите населби“, апелираше и канцеларијата на окружниот обвинител.

Но демонстрантите, од кои некои не се ни жители на Ланкастер, очигледно немаа намера да ги послушаат. А според конзервативниот Њујорк пост, од немирите што избувнаа во Ланкастер може да се заклучи дека „полицајците никогаш не смеат да се бранат со смртоносна сила ако напаѓачот е припадник на малцинство“, туку едноставно треба да прифатат да бидат прободени или застрелани поради нивниот наводен расизам“.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе