Во САД формирана група за праведна дистрибуција на идната вакцина против коронавирус

Здравствените службеници во САД задолжија група независни научници и етичари да изготват упатства со кои ќе се утврди кој ќе ги добие првите дози од вакцината против ковид-19 кога ќе биде произведена.

EPA-EFE/SAUL LOEB

Упатствата имаат за цел да постават непристрасна рамка која американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе ја користи за план за распределба на првите вакцини, за кои американските власти очекуваат да бидат готови до крајот на годината.

Лидерите на ЦДЦ и Националниот институт за здравство (НИХ) ја задолжија групата да развие план. Оваа работа ќе ја изврши специјален комитет на експерти од американската Национална академија на науките, инженерство и медицина и Националната медицинска академија, независно советодавно тело.

На првата средба директорот на НИХ, др. Френсис Колинс од комитетот побара да ги земе предвид потребите на лицата кои се во најголема опасност од компликации при зараза со ковид-19.

Колинс рече дека списокот за распределба на вакцини треба да се заснова на здравствените последици од болеста, потребите на здравствените работници, војската, луѓето кои работат во нужни дејности и локации во САД каде вирусот е најактивен. Тој исто така рече дека групата треба да им даде приоритет на лицата кои доброволно се јавиле за тестирање на вакцини, а примиле плацебо, лажна контролна вакцина па се сè уште незаштитени.

„Ова ќе биде контроверзно. Нема да им се допадне одговорот на сите. Ќе има многу луѓе кои мислат дека требало да бидат на врвот на списокот, а тоа не може да бидат сите“, рече Колинс.

Д-р Роберт Редфилд, шеф на ЦДЦ, на групата ѝ рече „дека треба да сторат сè за вакцината правилно да се подели, но така што јавноста ќе види дека тоа е направено непристрасно, фер и транспарентно“.

Првиот нацрт на упатствата треба да биде комплетиран до крајот на август и ќе биде отворен за јавни коментари. Конечниот документ ќе биде објавен кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SAUL LOEB

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе