Во САД денес се одржуваат исклучително важни избори за превласт во Сенатот

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и наскоро поранешниот претседател Доналд Трамп одржаа синоќа митинзи во Џорџија за да ги поттикнат поддржувачите денес да излезат на вториот круг избори за два мандати во американскиот Сенат кој ќе го одреди односот на силите во Вашингтон.

EPA-EFE

Во трката во Џорџија се натпреваруваат сегашните сенатори, републиканците Кели Лефлер и Дејвид Пердју против демократските предизвикувачи Рафаел Ворнок и Џон Ософ.

Бајден сака двајцата демократи да победат, за неговата партија да ги контролира двата дома на Конгресот кога тој ќе ја преземе должноста на 20 јануари.

Тимот на Трамп сака да победат републиканците за неговата партија, преку контролата на Сенатот, да може да ја блокира или успори законодавната програма на Бајден и да го отежни именувањето функционери во неговата администрација.

Трамп, кој изгуби во ноември на претседателските избори од Бајден, својот настап го одржа во Долтон, републиканско упориште на северозападот на Џорџија, повторно истакнувајќи дека ќе се обиде да ја задржи власта.

„Нема да ја преземат Белата куќа. Ќе се бориме пеколно“, им кажа тој на насобраните кои скандираа „Борба за Трамп!“

Бајден ја критикуваше администрацијата во заминување поради нејзиното справување со пандемијата и вети нов почеток за земјата под контрола на демократите. Во САД повеќе од 350.000 луѓе умреа од коронавирусот кој брзо се шири во повеќето држави.

„Нова година е, а утре може да биде нов ден за Атланта, за Џорџија и за Америка“, кажа Бајден.

Истакна дека Трамповата администрација „ужасно почнала“ со бавното дистрибуирање на вакцините против ковид-19. „Претседателот повеќе време минува дома кукајќи и приговарајќи отколку што презема нешто околу овој проблем“, кажа тој.

Демократските кандидати, ако бидат избрани, би обезбедиле Американците да добијат помош од 2.000 долари додека економијата се бори за време на пандемијата на коронавирусот, кажа Бајден.

Трамп направи и притисок врз потпретседателот Мајк Пенс, кој утре во Конгресот ќе ги прими резултатите од државниот изборен колегиум, да преземе чекори во негова корист.

Бајден го победи Трамп со 306 наспрема 232 во електорски гласови.

„Се надевам дека Мајк Пенс ќе го направи тоа за нас“, кажа Трамп, зборувајќи за претседателот како прекрасна личност. „Ако не го направи тоа, нема толку да ми се допаѓа“.

Иако долго време е републиканска држава, Џорџија во ноември ја изненади нацијата избирајќи го Бајден, поддржувајќи демократски кандидат за првпат во речиси три децении.

Тоа ги поттикна надежите за победа на Ворнок и Ософ, иако ги чека тешка битка во сè уште длабоко конзервативната држава.

Ако ги освојат демократите, со тоа ќе ја преземат контролата врз Сенатот, бидејќи со 50 места на 50 републикански идната потпретседателка Камала Харис ќе го има одлучувачкиот глас.

Тоа на Бајден би му го олеснило донесувањето на идните мерки во пандемијата на коронавирусот и решавањето на климатските промени, бидејќи демократите го контролираат и Претставничкиот дом.

Ниеден од кандидатите во Сенатот не освои мнозинство на изборите на 3 ноември, поради што се одржува втор круг избори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе