Во Русија расте бројот на заразените, но Путин сепак го укинува карантинот (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека од утре се укинува карантинот прогласен за целата земја поради пандемијата на коронавирусот и покрај тоа што бројот на заразените расте.

„Почнувајќи од утре, 12 мај, националниот период на неработни денови завршува. Но битката против оваа епидемија сѐ уште не“, кажа Путин во обраќањето до јавноста кое го пренесуваше државната телевизија.

Регионалните функционери сами ќе одлучуваат дали ќе ги продолжат мерките на карантин на локално ниво.

Главниот град Москва и околниот регион, каде се регистрирани повеќето заразени, остануваат во карантин до крајот на овој месец.

Путин истакна дека брзиот раст на заразените е главно резултат на сѐ поголемата стапка на тестирања. Русија на почетокот на епидемијата, како што кажа, спроведувала 2.500 тестови на ден, а сега спроведува по 170.000. До идниот месец се планира таа бројка двојно да се зголеми.

Во Русија, според официјалните податоци објавени денес, се заразени нешто повеќе од 221.000 луѓе, по што е четврта во светот, веднаш по Британија. Најмногу заразени има во САД и во Шпанија.

Бројот на заразени нагло порасна во последните месец и половина. Во последната недела секој ден се регистрирани повеќе од 10.000 новозаразени. Досега умреа нешто повеќе од 2.000 луѓе.

Речиси половина од заразените се во Москва. Досега се вкупно околу 115.000.

Градоначалникот Сергеј Собјанин минатата недела кажа дека вистинскиот број на заразените во градот е веројатно три пати поголем. Меѓутоа, им дозволи на некои индустрии и на градежниот сектор од утре да почнат со работа, со задолжително носење маски и ракавици. Рускиот премиер ги критикуваше работодавците за тоа што стапката на невработеност од почетокот на епидемијата се удвоила, додавајќи дека требало да ги задржат работниците.

Руската економија паѓа

Русија има околу 145 милиони жители, а досега спровела над 5,6 милиони тестови за коронавирусот.

Економските активност во Русија паднале за повеќе од третина од воведувањето на мерките за изолација, според владините статистики објавени минатата недела.

Падот на цената на нафтата поради успорувањето на глобалната трговија исто така негативно се одрази врз руската економија. Рубљата е за околу 10 отсто послаба во однос на американскиот долар отколку на почетокот на кризата на почетокот на март, иако во последните недели е нешто подобра. Курсот денес изнесуваше околу 73 рубљи за долар.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе