Според уредбата објавена на веб-страницата на руското Министерство за здравство, граѓаните од целата земја од утре мора да носат маски во јавните простори, во јавниот превоз, на паркинзите и во лифтовите.
Истата агенција го ограничи и работното време на кафулињата и рестораните, кои можат да бидат отворени од 6 до 23 часот.
Вчера Русија имаше 16.500 новоинфицирани, но и најголем број починати, 320 во рок од 24 часа.