Во Русија нов рекорден број на заразени и починати од корона, Путин донесе остри мерки

Во Русија во саботата, петти ден по ред е забележан нов рекорд, 1.075 починати од последици на ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите 24 часа, покажуваат официјалните податоци.

Фото: ЕПА

Од јуни Русија се соочува со нов силен бран на епидемијата за кој се обвинуваат мутираните поагресивни варијанти на коронавирусот, непочитувањето на носењето маска и големите тешкотии со кои се соочуваат здравствените власти во кампањата за вакцинација, пренесува АФП.

Бројот на починати сега достигна 229.528, што ја прави Русија земја со најмногу смртни случаи како последици на ковид во Европа.

Но, агенцијата за статистички податоци Ростат смета дека наведените податоци се во голема мера потценети бидејќи компанијата само до крајот на август „избројала“ повеќе од 400.000 мртви.

Само една третина од Русите се вакцинирани откако првата национална вакцина Спутник се појави во декември 2020 година.

Набљудувачите сметаат дека ваквиот неуспех на кампањата за вакцинација може да се објасни со традиционалната недоверба на населението кон властите.

Рускиот претседател Владимир Путин во средата конечно го одобри предлогот на владата за неработна недела за да се намали можноста за ширење на инфекцијата. Од 30 октомври до 7 ноември компаниите нема да работат поради борбата против ковид пандемијата.

Путин појасни дека „неработните денови“, кои ќе им бидат платени на вработените во некои региони ќе започнат порано, а во други може да се продолжат. „Епидемиолошката ситуација е различна во различни делови на земјата, поради што нивните лидери имаат право да воведат дополнителни мерки“, рече Путин.

Делумно заклучување ќе биде воведено и во главниот град Москва на 28 октомври, што значи дека ќе бидат отворени само продавници во кои жителите ќе можат да се снабдат со намирници и средства за хигиена и аптеки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе