Во Русија горат повеќе од 250 шумски пожари, уништени се 3 милиони хектари земја

Во Русија горат повеќе од 250 шумски пожари, а уништени се повеќе од три милиони хектари земја, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Пожарите се гаснат во 180 зафатени области на површина од 1,3 милиони хектари, објави Агенцијата за заштита на шумите Авиалесоохрана. Другите пожари во помалку достапните региони не се гаснат бидејќи нема опасност за луѓето, додава агенцијата.

Големи пожари ја зафатија сибирската Саха, попозната како Јакутија, во североисточна Русија и е прогласена вонредна состојба. Вонредна состојба е прогласена во вкупно осум региони.

Во Јакутија пожарот се шири на подрачјето Сангар и складиштата за нафта, објави Интерфакс, повикувајќи се на Агенцијата за цивилна заштита. Речиси 400 села во сибирскиот регион Краснојарск се зафатени со чад, пренесува државната новинска агенција Тасс. Авиалесоохрана објави дека повеќе од 6.700 лица се распоредени низ целата земја за да ги стават пожарите под контрола.

Русија се бори со најлошите шумски пожари на векот. Според Гринпис, околу 14,3 милиони хектари се изгорени од почетокот на годината. Претходно, мрачен рекорд на овој век е поставен во 2012 година кога беа изгорени 16 милиони хектари.

„Ова е поврзано со зголемување на климатските промени. Сезоната на шумските пожари станува се подолга, сушите стануваат се почести, траат подолго и се поинтензивни“, вели Алексеј Јарошенко, експерт за шумарство од Гринпис. Јарошенко го критикуваше недостатокот на закони, пари и персонал за заштита на шумите.

Еколозите постојано предупредуваат дека многу пожари се предизвикани од луѓе. И покрај предупредувањата, многу Руси и понатаму палат логорски оган во суви шуми и го оставаат без надзор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе