Во Русија дневно се вакцинираат по половина милион луѓе

Во Русија во просек дневно се вакцинираат околу половина милион луѓе, а кампањата за вакцинација напредува доволно брзо, изјави вчера министерот за здравство Михаил Мурашко на состанокот на Комитетот за борба против ковид.

Фото: ЕПА

„Вакцинацијата се одвива активно. Понекогаш и повеќе од 500.000 луѓе дневно“, рече тој.

Во претходната недела вакцинирани се 3,163 милиони Руси, додава ТАСС.

„Бројот на вакцинираните Руси на возраст над 60 години е зголемен и сега е околу 55 отсто“, рече Мурашко.

Од почетокот на пандемијата, 258,3 милиони луѓе официјално се разболеле од ковид, а повеќе од 5,1 милиони починале.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе