Во Риека развеано италијанско знаме на стогодишнината од италијанската окупација (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе лица синоќа го развеале италијанското знаме на Гувернеровата палата во Риека каде денес се отвора изложба по повод стотата годишнина од окупацијата на градот. Хрватската полиција реагирала утринава и го отстранила знамето. Не станува збор за актуелното италијанско знаме, туку за исторското знаме на Кралството Италија.

Полицијата утринава уапсила и двајца италијански државјани на возраст од 19 и 20 години со историското знаме на Кралството Италија со помали димензии и двајцата биле приведени.

Сето ова е објавено на социјалната мрежа Твитер. Во постот се слави италијанскиот окупатор Габриеле Д’Анунцио кој пред сто години со паравојска влегол во Риека, а кого до ден денес го слават фашистите бидејќи неговото владеење со Риека станало инспирација за првиот период на владеењето на Бенито Мусолини со Италија.

„Италијанската фашистичка група која себеси се нарекува „Водоинсталатери“ ("Gli Idraulici") денес го закачи знамето на Кралството Италија на поранешната Гувернерова палата, во знак на стотата годишнина од заземањето на Риека, тогаш слободна територија, која ја предводеше фашистичкиот поет Габриеле Д’Анунцио.

Денес, на стогодишнината од заземањето на Риека, сакавме да покажеме дека, како и во тоа време, има Италијанци кои не се предаваат. Сакавме да покажеме дека има уште Италијанци кои не прифаќаат да ги претставува марионетска влада која не ги брани националните интереси“, се вели во соопштението на групата.

Д’Анунцио со својот поход на Риека во 1919 година го означи почетокот на италијанската окупација која заврши на крајот на Втората светска војна.

Во дослух со иредентистите од градот, тој со паравени единици на „црнокошуљаши“ влезе во Риека и ја прогласи за независна држава со назив Италијанска управа за Кварнер.

Инаку, во Трст токму на стогодишнината од окупацијата на Риека му се крева споменик на Д’Анунцио. Поради тоа хрватското министерство за надворешни и европски работи на Италија ѝ испрати протестна нота во која најостро се осудува одлуката на градот Трст, а реагираше и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која споменикот на Твитер го нарече неприфатливо величење на иредентизмот и окупацијата.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе