Во протестите во Чиле тројца мртви. Претседателот сликан на прослава во пицерија (ФОТО+ВИДЕО)

Чиленската влада се повлече и се откажа од покачувањето на цените на превозот, поради веќе десетдневните протести што станаа насилни и во кои три лица ги загубија своите животи.

Властите во Сантијаго, главниот град на Чиле, објавија дека жртвите загинале во пожар предизвикан во супермаркет во сабота вечер.

„Две лица изгореа во пожарот, а трето е пренесено во тешка состојба во болница каде им подлегна на повредите“, се вели во соопштението на градоначалничката Карла Рубилар, пренесе Франс прес.

Во саботата, претседателот Себастијан Пињера објави дека владата ќе ги укине повисоките цени за картата за метро, што ги активираше протестите во главниот град.

Во телевизиската изјава, Пињера  најави: „Ќе го укинеме зголемувањето на цените на билетите“, објави новинската агенција ДПА.

Тој најави усвојување на итен закон. „Приоритет на оваа влада е да се обезбеди јавниот ред и безбедноста на Чилеанците“, рече тој и призна дека демонстрантите имаат „добра причина“ да излезат на улиците. „Но, никој, никој нема право да прибегне кон брутално незаконско насилство, како оние што уништија, запалија или оштетија повеќе од 78 станици на метрото во Сантијаго“, рече тој.

Пињера ден порано прогласи вонредна состојба во Сантијаго, град со повеќе од 7 милиони луѓе, а пожарникарите мораа да ги гасат пожарите на бројни метро станици.

Метрото на градот Сантијаго во петокот објави дека целата мрежа од 140 километри ќе биде затворена барем до понеделник за да се проценат „тешките оштетувања“.

Десетина дена демонстрантите изразуваа незадоволство од зголемувањето на цените, објави весникот Ла Терцера. Цените биле покачени од 800 на 830 пезоси, што е околу 4 американски центи.

Со пораките „Доста ни е злоупотребување“ или „Чиле се разбуди“ објавени на социјалните мрежи, земјата ја доживува една од најголемите социјални кризи во децении. Порастот на цените на транспортот беше почеток, па барањата на демонстрантите еволуираа и своето незадоволство го пренесоа на економскиот модел во кој здравството и образованието се речиси целосно во рацете на приватниот сектор.

Фотографијата на Пињера како мирно јаде пица во ресторан додека Сантијаго гори налеа масло на на незадоволството во земјата во која со години владееше релативен мир.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе