Поворката на активисти на организациите на граѓанското општество и студентите „Ние маршираме, не славиме“ помина денес по улиците на главниот град на Косово.
Меѓу нив беа и вршителката на должноста косовска претседателка Вјоса Османи и кандидатот за премиер Аљбин Курти. Целта на маршот беше укажување на институциите на случаите на насилство врз жените кои треба да се третираат со приоритет.
За време на маршот пред институциите беа развиени транспаренти со повици за борба против семејното и насилството врз жените.