Куала Лумпур, Малезија

Во пожар во исламско училиште, загинаа 24 лица, главно тинејџери

Дваесет и четири лица, претежно тинејџери, загинаа рано утринава во пожарот што избувна во спалната соба на исламското училиште во предградието на главниот град на Малезија, Куала Лумпур, изјавија официјални лица.

Пожарникарите брзо стасале на местото по повикот за помош во 05:41 по локално време и им бил потребен еден час за да го изгаснат огнот, што започнал на горниот кат на зградата од два спрата, изјави шефот на полицијата Амар Синг.

Тој рече дека биле пронајдени најмалку 24 изгорени тела, од кои 22 момчиња на возраст меѓу 13 и 17 години, и двајца наставници.

Синг рече дека 14 ученици и четири наставници се спасени, а шест од нив се однесени во болница во критична состојба.

„Веруваме дека починале од гушење... телата се целосно изгорени“, рече Синг.

Пожарот избувнал во близина на спалната на момчињата, кои биле заглавени внатре бидејќи на тоа место е единствениот влез во собата, а прозорците се со решетки, изјави висок официјален претставник на пожарникарите Абу Обаидат Мохамад Саиталимат.

Тој додаде дека се верува дека причината за пожарот е краток спој.

Друг официјален претставник кој не сакаше да биде именуван, рече дека телата се пронајдени едно врз друго, што укажува на можен трк во обид да избегаат од пожарот.

Синг рече дека полицијата сѐ уште ги утврдува деталите и ја испитува причината за несреќата.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе