Во Португалија се сруши медицински хеликоптер, четири лица загинаа

Медицински хеликоптер се сруши во планините во близина на Порто, втор по големина град во Португалија. Сите четири лица кои биле во него загинаа, објавија локалните медиуми повикувајќи се на наводите од службата за вонредни ситуации ИНЕМ.

Државната телевизија РТП и дневникот Кохеио де Маја извести дека се срушил хеликоптер и дека загинале двајцата пилоти, медицинска сестра и доктор, пренесе Ројтерс.

Во тек е операциија за пронаоѓање и спасување, а хеликоптерот се уште не е пронајден.

Хеликоптерот исчезнал вчера околу 18:30 часот откако донел 76-годишен пациент, кој страдал од проблеми со срцето, во болница во Порто.

Портпаролот на противпожарната станица Валонго изјави дека 200 спасувачи го бараат хеликоптерот. Хеликоптерот се враќал во базата во областа Браганц кога се срушил поради лошите временски услови.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе