Во Полска речиси целосна забрана за абортус, неуставен е дури и ако постојат фетални абнормалности

Полскиот уставен суд пресуди дека абортусот врз основа на фетални абнормалности е неуставен, поради што е создадена правна основа што се приближува до скоро целосната забрана за прекин на бременоста во оваа претежно католичка земја.

EPA-EFE/TOMASZ GZELL

Кога пресудата ќе стапи на сила, абортусот ќе биде дозволен само во случај на силување, инцест или ако се загрозени здравјето и животот на мајката.

Конзервативните вредности одиграа водечка улога во јавниот живот на Полска откако на власт пред пет години дојде националистичката партија Право и правда (ПиС), со ветување дека ќе го бранат, она што многумина го сметаат за традиционален, католички карактер на земјата.

Забраната за пристап до абортус е долгорочна амбиција на партијата, но поради негативната реакција на јавноста, не се преземени законски чекори.

Критичарите велат дека Уставниот суд пресудил во име на партијата. Иако судот е номинално независен, повеќето судии се назначени од ПиС.

Право и правда го негираат своето влијание врз пресудата на судот, иако нивните реформи во полското правосудство предизвикале обвинувања во земјата и странство за кршење на демократските норми. ПиС тврди дека нивните реформи имаат за цел само создавање на поефикасно и пофер судство.

Активистите за право на абортус тврдат дека пристапот до постапката во Полска во последните години е одбиен дури и во случаи кога тоа било легално.

Многу лекари во Полска, која во Европа има најстроги закони за абортус, веќе го користат своето законско право да одбијат прекин на бременоста врз основа на религиозни убедувања. Некои велат дека нивните претпоставени ги принудувале на тоа.

Барбара Новацка, опозициска пратеничка, за приватното радио Зет воочи пресудата рече: „Ова се многу тешки избори и не би имала храброст да донесам одлука наместо семејствата кои се соочуваат со ваква ситуација“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TOMASZ GZELL

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе