ЈУЖНА КАРОЛИНА

Во полициска потера со 150 км на час загинал мотоциклистот што бил бркан (ВИДЕО)

Од снимката на камерата во возилото се гледа како заменикот Џејмс Вансент од округот Беркли го удира мотоциклистот на осомничениот два пати, возејќи со брзина од речиси 150 километри на час. Осомничениот потоа се судира и загинува, како резултат на тоа што бил во погрешна брзина, тврди канцеларијата на шерифот.

Канцеларијата на шерифот од округот Беркли објави видео на нивната страница на Јутјуб во четвртокот, покажувајќи ја полициската потера од средата што трае најмалку пет минути во Самервил, Јужна Каролина.

Потерата, која достигнува брзина од најмалку 178 километри на час, заврши фатално за осомничениот, 30-годишниот Роберт Ли Кларк Џуниор од Гус Крик.

Вансент во моментов е на административно отсуство, во очекување на административна ревизија, кажа главниот заменик Кокран. Додека канцеларијата на шерифот спроведува внатрешна истрага, одделна истрага ќе биде спроведена од страна на Патролата на автопат на Јужна Каролина, според ВЦСЦ.

Болничарите ја прогласиле смртта на Кларк на самото место, а вештакот од округот кај него нашол 55 грама марихуана, цигара од марихуана и луле, објавија Пост и Куриер.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе