Во Париз осамнаа пораки на поддршка за Ратко Младиќ (ФОТО)

Во улица во Париз што го носи името по босанска Сребреница денес била осквернавена плочата со името на улицата. Некој на плочата испишал четири букви С на кирилица (Само слога Србина спашава).

Освен тоа, непознати извршители со црвена боја на ѕидовите испишале порака за поддршка на поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ – „Ослободете го Ратко Младиќ“.

Париз ја доби улицата Сребреница во 2017 година во знак на сеќавање на жртвите на злосторството кое го изврши војската на Република Српска во јули 1995 година. тогаш беа убиени над 8.300 бошњачки мажи и момчиња.

Улицата се наоѓа во источниот дел на градот, во близина на гробиштата и авенијата Пер Лашез.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе