Последните избори во 2006 година резултираа со изненадувачка победа на Хамас, со што уште повеќе се продлабочи политичкиот јаз меѓу двете страни, а по што Хамас во 2007 го зазеде Појасот Газа. Хамас со години одолговлекува со свикувањето нови избори.
Палестинската управа, која располага со ограничена власт на окупираниот Западен брег, ќе ги одржи изборите на 22 мај, а претседателските на 30 јуни, објави кабинетот на Абас.
„Претседателот им даде упатства на изборната комисија и сите државни тела да го почнат демократскиот изборен процес во сите градови и татковината“, пишува во прогласот на кабинетот на Абас, алудирајќи на Западниот брег, Газа и источен Ерусалим.