Ја игнорирале забраната

Во Пакистан на верски собир се собрале 100.000 муслимани, сега се распрснати низ целата земја и пошироко

Околу 20.000 верници што и покрај ширењето на ковид-19 присуствувале на огромен муслимански собир во Лахоре се ставени во карантин, соопштија денеска пакистанските власти, кои сè уште трагаат по десетици илјади верници.

Поради ширењето на новиот коронавирус, владата го забрани тој масовен собир на сунитската група Таблиги џамаат, но организаторите ја игнорирале забраната и повеќе од 100.000 луѓе од 70 земји по тој повод се собрале околу главниот град Пенџаб на 10-12 март.

Овие верници, кои властите имаат намера да ги тестираат за коронавирус, сега се распрснати низ Пакистан и пошироко.

Само во Лахоре досега се ставени во карантин 7.000 муслимански мисионери, додека други 8.000 се во карантин во Синд и 5.300 во Кајбер Пактункви, од кои некои се позитивни, изјави денеска портпаролот на регионалната управа, пренесува АФП.

Најмалку 154 члена на групата досега биле тестирани и се позитивни на ковид-19 во Пенџаб и Синд, од кои најмалку двајца починале откако присуствувале на масовниот собир, соопштија властите.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе