Во пад на воен хеликоптер во Турција загинаа десет војници (ВИДЕО)

Воен хеликоптер се урна на југоистокот на Турција, при што загинаа десет, а повредени се тројца војници, објави турското министерство за одбрана.

Screenshot: Twitter

Хеликоптерот полетал од провинцијата Бингол околу 14 часот по турско време, а контактот со леталото бил изгубен половина час подоцна, по што почнала спасувачката операција.

Турското министерство објави дека падот на хеликоптерот бил несреќа, не објавувајќи повеќе детали.

Повредените војници се префрлени во болница.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Twitter

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе