Во новите поплави во Индонезија 53 жртви и 175 илјади раселени (ВИДЕО)

Речиси 175.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови во главниот индонезиски град Џакарта и околните градови, по новите поплави и одрони во кои загинаа најмалку 53 лица, во екот на еден од најобилните дождови од почетокот на мерењата, соопштија денес властите.

„Бројот на мртвите се качи на 53, едно лице е исчезнато“, изјави портпаролот на агенцијата за помош во катастрофите.

Според нивните податоци 173.064 жители морале да се евакуираат денес, откако најсмртоносните поплави во последните години предизвикале хаос во делови од најголемиот град на југоисточна Азија. Железницата е блокирана, а делови од градот останале без струја.

Делови од Џакарта и околните градови се поплавени по обилниот дожд на 31 декември и во утринските часови на Новата година.

Поплавите на почетокот на 2020 се последица на „еден од најекстремните дождови“ од 1866 година, кога почнало мерењето, соопшти Метеоролошката, климатолошка и геофизичка агенција (БМКГ) вчера.

Агенцијата соопшти дека климатските промени го зголемиле ризикот од екстремно време и предупреди дека обилните дождови би можеле да траат до средината на февруари, а врвот се очекува од 11 до 15 јануари.

Снимките ги покажуваат поплавените делови на Џакарта и автомобили прекриени со кал.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе