Србија

Во Нови Сад уапсен троен убиец, се криел цел викенд (ВИДЕО)

Горан Јанковиќ, кој минатата недела убил тројца луѓе, беше уапсен денес во Нови Сад. Како што јавуваат српските медиуми, Јанковиќ бил уапсен кај новосадското бродоградилиште, а апсењето го потврди полицијата.

Пред апсењето се шпекулираше дека убиецот избегал во Хрватска поради што беше распишана потерница.

37-годишниот Јанковиќ во петокот со чекан ја уби својата сопруга Мирјана, нејзината мајка Нада и нејзиниот татко Бранислав пред своите деца во семејната куќа во Нови Сад. Се криел три дена.

„Според досегашните сознанија, претпоставуваме дека Горан прво упаднал во собата каде што спиел Бранислав и него прв го убил. Бранислав бил крупен и да буден, сигурно ќе успеел да го совлада. Откако го убил таткото на својата сопруга, почнал да се изживува врз својата жена удирајќи ја по главата. Едноставно, монструмот не можел да се помири со тоа дека го напуштила, дека сака да се разведе и дека по ќотекот што го добила на 11 мај го пријавила во полиција“, пренесува српски Телеграф неименуван извор.

„Сето тоа го гледал нивниот десетгодишен син кој спиел со мајка си во креветот. Детето плачело и го молело да престане, но тој не водел сметка за него, како ни за другиот син кој спиел со бабата. Кога бил сигурен дека Мирјана е мртва, тргнал да си оди од куќата, но налетал на мајката на жената и ја убил“, додал изворот.

На Јанковиќ му е одредено задржување до 48 часа до сослушувањето со кривична пријава за тешко убиство.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе