Во Нотр Дам се одржа првата миса по катастрофалниот пожар (ФОТО+ВИДЕО)

Помала група верници со бели шлемови вчера учествуваа на миса во париската катедрала Нотр Дам, прва миса откако готската катедрала беше зафатена со пожар пред два месеци.

Црковните лидери сакаат да покажат дека животот во катедралата продолжува, додека пристигнуваат донации за нејзина реконструкција.

За сега се пристигнати помалку од 10 отсто од 850 милиони евра ветени од милијардери, бизнис лидери и други, рече француската влада.

Мисата, посветена на годишнината од осветувањето на катедралата, одржана е во капелата од левата страна, која не настрадала во пожарот на 15 април, а околу 30 лица со заштитни шлемови учествуваа на прославата.

„Со многу емоции ја славиме светоста на катедралата“, рече парискиот архиепископ Мишел Апетит, кој ја предводеше прославата.

„Ова е порака на надеж и благодарност за сите оние кои беа погодени од она што ѝ се случи на катедралата“, рече парискиот надбискуп, додавајќи дека е „малку чудно“ да се прославува мисата со шлем.

Мисата е емитувана во живо на религиозниот телевизиски канал, прикажувајќи слики од синото небо низ разрушениот покрив и црните урнатини кои и понатаму се во катедралата.

Францускиот министер за култура Франк Риестер во петокот рече дека катедралата сè уште е во лоша состојба, особено сводот.

Пожарот предизвика пропаѓање на покривот и колапс на кулата на прекрасното архитектонско здание, што предизвика тага ширум светот.

Меѓу оние кои најавија донации за реновирање на катедралата беа трговци со луксузни добра Бернард Арно и Франсоа-Анри Пино.

„Тогаш луѓе ветија донации, но на крај не ги дадоа“, изјави Риестер за Франс 2, без дополнителни детали. „Но, поважно е, и нормално е дека донациите ќе бидат уплатени кога ќе напредува процесот на реставрација“, рече тој.

Претседателот Емануел Макрон постави цел од пет години за обновата на катедралата, додека Ристер е повнимателен.

„Претседателот има право да утврди цел, амбиција“, рече тој. „Но, очигледно е дека на крајот е важен квалитетот на изведбата. Тоа не значи дека работата ќе биде завршена точно за пет години“, додаде Риестер.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе