Досега невидени поплави

Во Њујорк во пет часа паднаа 50.000 олимписки базени дожд, 9 мртви (ВИДЕО)

Си-ен-ен објави дека 132,5 милијарди литри вода паднале во петте главни окрузи на Њујорк во период од пет часа.

Фото: ЕПА

Тоа е еквивалентно на околу 50.000 олимписки базени, рече метеорологот на Си-ен-ен.

Толку многу врнежи во толку краток временски период би биле проблематични насекаде во светот, но кога ќе падне таков дожд во урбана област како Њујорк, проблемите стануваат многу поголеми, рече метеорологот.

Во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во Њујорк и Њу Џерси загинаа најмалку девет лица.

Остатоците од ураганот Ида, кој викендов ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и поројни поплави.

Забраната за патување, која стапи во сила синоќа во Њујорк по историскиот дожд, е укината. Но властите продолжуваат да ги повикуваат луѓето да останат дома додека работниците од итните служби работат на чистење и проценка на штетите на патиштата.

„Останете дома денес додека не се подобрат условите“, објави градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, на Твитер.

Повеќе од 100.000 домаќинства во трите држави во североисточниот дел на САД (Њујорк, Њу Џерси и Конектикат) што беа најтешко погодени од невидената бура, сѐ уште се без струја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе