Во Њујорк сите градски службеници ќе мора да се вакцинираат

Градските службеници во Њујорк ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот до крајот на следната недела или ќе бидат испратени на неплатен одмор, кажа градоначалникот Бил де Бласио.

EPA-EFE

Градските вработени ќе добијат 500 долари за примената прва доза вакцина на место за вакцинирање под контрола на градот до 17 часот во петок, 29 октомври. Потоа вработените ќе мора да имаат барем една доза вакцина и да му покажат на надзорот доказ за вакцинирањето, порача Де Бласио во соопштение.

„Нема поголема привилегија од служењето на граѓаните на Њујорк, а таа привилегија доаѓа со одговорност да се заштитите себеси и својата заедница“, кажа тој.

Таа мерка во најбројниот американски град се воведува додека бројни други општини, школски окрузи и други власти низ земјата се борат со барањата за носење маски и вакцинирање во период кога бројот на заразените се намалува.

Барем една доза вакцина примиле 71 отсто од сите 160.000 вработени во Њујорк. Од септември вакцинирањето е задолжително за вработени на градското министерство за образование и на њујоршката агенција за здравство и болници, а меѓу нив вакцинирани се најмалку 95 отсто од вработените, кажа Де Бласио.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе