Во Њујорк, се самозапали познат адвокат, оставил проштално писмо

Американскиот адвокат Дејвид Бакл кој се прослави како активист за заштита на правата на хомосексуалците, се уби самозапалувајќи се во паркот Проспект во Њујорк.

Причина за самоубиството е укажување на глобалното затоплување, пренесуваат американските медиуми. Повикувајќи се на полициски извори, Њујорк тајмс пренесе дека 60-годишниот Бакл се убил со самозапалување во парк во Бруклин, и дека пред самоубиството испратил проштално писмо до неколку адреси на државните медиуми.

„Загадувањето ја уништува нашата планета и се шири преку воздухот, земјата и водата“, објавен е дел од прошталното писмо, во кое се наведува дека луѓето вдишуваат воздух загаден од фосилните горива и дека прерано ќе умрат. Бакл додаде дека неговата прерана смрт сведочи за она што му се случува на човековиот вид.

„Се убив со оган во знак на протест,“ пишува Бакл во прошталното писмо. Овој адвокат се прослави со случајот на Брендон Тин, мажот транссексуалец убиен во 1993 година во Небраска. Според тој случај во 1999 година е снимен филмот „Момчињата не плачат“ за кој Хилари Свонк доби Оскар.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе