Против ковид-19

Во Њујорк почнува вакцинацијата на лица постари од 16 години

Њујорчаните постари од 16 години може да се пријават за вакцинација против ковид-19, со цел да се имунизираат што е можно повеќе жители на тој град.

Фото: ЕПА

Минатата недела гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, ги прошири правата за имунизација на постарите од 30 години и најави дека од 6 април ќе може да се вакцинираат и оние на возраст од 16 до 29 години.

Тинејџерите на возраст меѓу 16 и 17 години ќе можат да ја примаат вакцината Фајзер-Бионтек, бидејќи е единствената што има дозвола за употреба кај лица помлади од 18 години.

Ним им е потребна родителска согласност за вакцинација, освен ако не се веќе во брак или станале родители.

Ниту една вакцина сè уште не е одобрена за деца под 16-годишна возраст.

Според сојузниот Центар за контрола и превенција на болести, скоро секој петти жител на државата Њујорк е целосно вакциниран против ковид-19, додека нешто повеќе од една третина примиле барем една доза вакцина.

Со новото правило за вакцинација се опфатени 1,7 милиони луѓе во Њујорк, соопштија претставници на Министерството за здравство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе