„Театар на апсурдот“

Во Њу Делхи заради смог затворени училиштата, а илјадници деца учествуваат во трка на отворено

Околу илјада деца денеска учествува во трка на густиот смог во Њу Делхи, на ден кога властите решија да ги затворат училиштата заради опасните нивоа на загадување на воздухот.

Годишната Трка за децата (Run for Children“) е организирана од непрофитната организација Прајас, која води програми за заштита на децата, за образование и правда.

Трката се организира за да се одбележи роденденот на првиот премиер на Индија, Џавахарлал Нехру, кој се слави како Ден на децата.

Индексот за квалитет на воздухот во четвртокот во индиската престолнина беше 472 на скала од 500, што значи можни сериозни ризици за респираторниот систем на населението, објави САФАР, кој за владата го следи квалитетот на воздухот.

Бидејќи квалитетот на воздухот е опасен веќе трет ден по ред, решено е да се затворат училиштата.

Лутите жители ги нападнаа властите на социјалните мрежи за организирање на трката.

„Трчај за децата.. среде опасно загадување? Театар на апсурдот“, напиша корисник на Твитер, Шашанк Џејтели.

Градските власти сè уште не ги коментираа критиките, а Прајас објави дека станува збор само за „кратка трка" и дека ги има сите дозволи.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе