Во Москва за еден ден оздравеа уште 45 пациенти со коронавирус

Во Москва има вкупно 115 лица што оздравеле од коронавирусот.

Уште 45 лица што оздравеле од коронавирусот се отпуштени од болницата во Москва во текот на изминатите 24 часа, рече денеска заменик-градоначалничката Анастасија Ракова.

„Бројот на луѓето во Москва што закрепнале рапидно се зголемува. Уште 45 пациенти со потврдена дијагноза на коронавирус целосно оздравеа и беа отпуштени од болница во текот на изминатите 24 часа. Вкупно, во Москва има 115 лица што се опоравиле до сега. Се надеваме дека овој позитивен тренд ќе се засили“, рече таа, пренесе ТАСС.

Според Ракова, пациентите што се отпуштени од болницата се чувствуваат добро.

Заклучно со 31 март, во Русија се потврдени вкупно 2.337 случаи на коронавирус, а вкупно 121 пациент оздравеа. Москва има најголем број случаи (1.613). Според Федералниот центар за кризи на коронавирус, заклучно со 12 часот во Москва, регистрирани се 17 жртви. Руската влада формираше интернет-телефонска линија за да ја информира јавноста за состојбата со коронавирусот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе