Шок-бомби и солзавец

Минск воена зона по најавената победа на Лукашенко, полицијата масовно приведува (ВИДЕО)

Белоруската полиција фрла шок-бомби и солзавец и почна да притворува низ целата земја откако приврзаниците на опозицијата ги осудија излезните анкети одобрени од државните тела, кои покажаа дека Лукашенко освои скоро 80% од гласовите. Илјадници луѓе излегоа на улиците, извикуваат „победа“ и свират од автомобилите во знак на солидарност со опозицијата.

Откако излезните анкети покажаа дека досегашниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко освоил 80 отсто од гласовите, во Минск избија судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Полицијата ги блокираше улиците, а најмалку 10 лица се приведени на едно место во Минск, рекол сведок на Ројтерс, додека локалните медиуми објавија приведувања и судири меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град и во другите градови.

Во исто време големи толпи луѓе од сите градски населби се упатени кон центарот.

Еден човек бил исфрлен од полициско возило во Минск и безживотно лежел на земја, рекол сведокот на Ројтерс, додека владата издаде соопштение во кое рече дека ниту еден демонстрант не е повреден.

Сепак, неколку амбулантни возила се видени како итаат на местото на протестите во центарот на Минск, јави новинската агенција Интерфакс.

Полицијата во Минск за Интерфакс рекла дека нема информации дека е повреден некој демонстрант.

Изборната кампања беше следена со повеќемесечни протести низ целата земја и стотици притворања.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе