Во Минск се апсат демонстранти, на улиците полиција во униформи и фантомки

Мажи во униформа и фантомки во белоруската престолнина Минск почнаа денес да апсат демонстранти кои се собраа на мирни демонстрации барајќи оставка на претседателот Александар Лукашенко, чија победа на изборите во август ја сметаат за лажирана.

EPA-EFE/STR

Стотици полицајци и припадници на војската се распоредени на улиците за да спречат нов масовен протест против Лукашенко, кој продолжува шеста недела по ред.

Вооружени војници се распоредени пред Палатата на Републиката и околните улици додека демонстрантите пешачат кон центарот на градот. Властите ги затвориле метро станиците и услугите на операторите на мобилните телефони.

Силно полициско присуство има и пред претседателската палата, пред која 66-годишниот Лукашенко двапати беше снимен како парадира со калашников.

Европската унија оцени дека изборите на 9 август во Белорусија биле „ниту слободни ниту фер“ и го осуди насилството врз демонстрантите, што го нарече „непропорционално и неприфатливо“.

Лукашенко, кој е на власт 26 години, на ваквите оценки одговара дека протестите се заговор на западните сили и неодамна обезбеди 1,5 милијарди евра помош од својата сојузничка Русија. Во Белорусија, од спорните избори, протести се одржуваат секој ден. Минатиот викенд, на улиците на главниот град Минск излегоа најмалку 100.000 луѓе. 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STR

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе