Во минатогодишните пожари во Австралија настрадале речиси три милијарди животни

Речиси три милијарди животни настрадале или ги изгубиле живеалиштата во катастрофалните пожари минатата година во Австралија, објавија научниците а пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Истражувањето покажало дека станува збор за една од „најлошите катастрофи за дивите животни во модерната историја“, предупреди Светскиот фонд за заштита на природата (ВВФ).

Огнената стихија пустошеше минатото лето по сите австралиски сојузни држави, убивајќи најмалку 33 луѓе.

Цицачи, влекачи, птици и жаби настрадале од огнот или од губењето на живеалиштата.

Во текот на врвот на кризата во јануари, научниците процениле дека 1,25 милијарди животни настрадале само во Нов Јужен Велс и во Викторија.

Но, новите проценки опфаќаат поголема област. Околу 11,46 милиони хектари, област со големина на Англија, биле изгорени од септември до февруари.

„Кога ќе помислите дека околу три милијарди локални животни се нашле на патот на огнот, тоа е апсолутно многу, тоа е бројка која е тешка за разбирање“, изјави Крис Дикмен, кој го надгледувал проектот на десетина научници од австралиските универзитети.

Владата во февруари идентификувла 113 животински видови на кои им треба „итна помош“ по пожарите.

Речиси сите животни од листата изгубиле барем 30 отсто од живеалиштата во шумите и на тервниците на југот и истокот на Австралија.

Каолите и кенгурите, како и птиците, рибите и некои видови жаби, се меѓу животните на кои им е потребна најголема помош, изјавија експертите.

Владата вети дека ќе даде 50 милиони австралиски долари за заштитата на дивите животни и обновата на нивните живеалишта, но еколозите ја повикаа Австралија да ги зајакне своите закони за заштита на природата.

Научниците приложија значителен број докази дека досега невидената зачестеност и обем на пожарите е резултат на климатските промени.

Експертите исто така објавија дека чадот од пожарите е поврзан со над 445 смртни случаи, наведува Би-би-си.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе