Во машина за мелење месо од куќата на кланот Беливук пронајдена ДНК на убиени лица (ВИДЕО)

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави денеска дека по вештачењето, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека на машина за мелење месо, пронајдена во куќа што му припаѓала на кланот Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, биле пронајдени примероци од ДНК на различни жртви.

Screenshot

„Ниту едно злосторство на кланот Беливук- Миљковиќ нема да остане неоткриено. Откако во куќата на ужасот во Ритопек пронајдовме тајна просторија каде покрај оружје и експлозив имаше и индустриска машина за мелење месо, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдија дека машината содржи ДНК на различни жртви“, рече Вулин, пренесе Н1.

Според него, оваа „убиствена група“ мачела луѓе, ги убивала и на крајот ги мелела нивните остатоци за да ги доуништи и разнесе.

Кланот Беливук-Миљковиќ беше уапсен на почетокот на февруари, а тајната соба што ја користела криминалната група била откриена во куќа во Ритопек кон крајот на април. Таму е пронајдено големо количество различно оружје, како и огромна машина за мелење месо, за која се сомнева дека била користена за уништување на телата на жртвите.

Криминалната организација е осомничена дека е одговорна за најмалку три убиства, бројни киднапирања, трговија со дрога, перење пари и нелегално поседување оружје.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе