Тоа е најголемата приватна збирка од тој вид некогаш откриена во Шпанија, објави Цивилната гарда на својата интернет страница. Вкупно 405 животни спаѓаат во заштитените видови, се додава.
Животните се најдени во простор од 50.000 квадратни метри, односно колку седум фудбалски игралишта. Таму животните биле изложени како во музеј.
Меѓу останатите се најдени гепарди, леопарди, лавови, рисови, снежни леопарди и крокодили, како и животни кои се изумрени во дивината, како африкански сабјест орикс или речиси изумрени животни како бенгалскиот тигар.
Зошто оваа огромна збирка, која вклучува и 198 бивни од слонови, дури сега е откриена во гратчето Бетера, дваесетина километри северозападно од Валенсија, не е познато.
Полицијата не ги објави податоците за сопственикот на збирката кој е под истрага за шверц и кршење на законите за заштита на загрозените видови.
Сега се истражува од каде дошле животните.
Сопственикот, познат бизнисмен од Валенсија, кажал дека повеќето животни ги наследил од својот татко, според весникот Лас провинсијас. Полицијата ја процени вредноста на збирката на црниот пазар на речиси 30 милиони евра.