Во Лондон, втор ден годинава без починати од коронавирус

Според официјалните податоци на Државната агенција за јавно здравје на Англија (ПХЕ), вчера во Лондон, по втор пат оваа година, немало ниту еден смртен случај како последица на зараза со ковид-19.

EPA-EFE/NEIL HALL

Податоците на ПХЕ за 28 март покажуваат дека тој ден нема регистрирано ниту една смрт на пациент во рок од 28 дена по позитивен тест на коронавирус. Во јануари, на пример, имало повеќе од 200 смртни случаи на ден во главниот град на Велика Британија.

Лондон, како епицентар на минатогодишниот прв бран на пандемијата, има 12% од сите смртни случаи во Велика Британија, пишува Би-би-си.

Додека во Европа расте бројот на новозаразени и многу земји воведуваат построги мерки или блокади, Велика Британија бележи значителен пад на бројот на инфекции. Во последните неколку дена се регистрирани околу 4.000 нови случаи дневно во таа земја, што е голема разлика во споредба со почетокот на јануари, кога имало околу 60.000 нови инфекции на дневно ниво.

Падот е забележлив и по бројот на смртни случаи. Вчера во Велика Британија починале 23 лица. Пред неколку дена, дневниот број на смртни случаи од ковид-19 бил околу 100, а во средината на јануари околу 1.600

Велика Британија, земја со 66 милиони жители, интензивно работи на програмата за имунизација во последните месеци. Со првата доза вакцинирала 44,9% од популацијата. Сега е втора земја во светот според процентот на граѓани кои ја примиле првата доза на вакцина против ковид-19. Прва земја е Израел (60%).

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NEIL HALL

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе