Во Лондон се одржуваат масовни протести против мерките за корона, илјадници луѓе се собраа (ФОТО+ВИДЕО)

Во Лондон започнаа масовни протести поради строгите мерки наметнати од тамошната влада. Премиерот Борис Џонсон претходно објави дека мерките може да бидат на сила шест месеци и вклучуваат охрабрување за работа од дома и рано затворање на баровите и рестораните.

Фото: Твитер

Според Гардијан досега се собрале илјадници луѓе и се очекува да се соберат повеќе. Локалните власти од демонстрантите бараат да се придржуваат до мерките за социјална дистанца.

Денешниот протест на плоштадот Трафалгар, наречен „Не се согласуваме" се одржува една недела по насилните протести за време на кои ултрадесничарите ја нападнаа полицијата и беа извршени повеќе од 32 апсења.

Демонстрантите на Трафалгар извикуваа: „Ќе победиме“, додека држеа плакатите на кои пишуваше „Размисли пред да биде нелегално“ и „Покори се“.

Гардијан пренесува дека протестот бил организиран од групи кои ги обединувале теоретичарите на заговор, противници на 5Г мрежата, корона скептици и антиваксери, а се очекува говор да одржи теоретичарот на заговор Дејвид Ика.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе