Во Лондон повредени 15 полицајци, ги нападнале учесници на улична забава (ВИДЕО)

Петнаесет полицајци се повредени во немирите на недозволен музички собир на улиците на лондонскиот кварт Брикстон, соопшти денес полицијата.

Screenshot

Лондонската полиција била испратена на настанот, но толпата одбила да соработува со полицајците.

„Настанот продолжи, дојдоа уште полицајци и групата стана непријателска кон нив“, соопшти полицијата.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат толпа како им се спротивставува на полицајците и напаѓа полициски автомобил. Ројтерс не успеале да ја потврдат автентичноста на фотографиите.

Полесно се повредени 15 полицајци, од кои двајца побарале лекарски преглед и оштетени се помал број полициски автомобили.

„Синоќа голем број жители ни се жалеа на голем собир, бучава и насилство, а полицајците реагираа на тоа“, изјави шефот на лондонската полиција Колин Вингроув.

„Овие собири се незаконски и претставуваат ризик за јавното здравје и ги кршат ограничувањата воведени поради коронавирусот. Насилството над полицајците е апсолутно неприфатливо и нема да го толерираме во ниедна форма“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе