Во Ломбардија во последните 24 часа нема починати од коронавирусот, првпат од 22 февруари

Во последните 24 часа во најтешко погодениот италијански регион Ломбардија никој не починал од коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.

Ова се нема случено од 22 февруари, кога во Казалпустерленго почина 77-годишната Џована Карминати, која се смета за првата жртва во Ломбардија од коронавирусот.

Освен тоа, направени се 7.039 теста, од кои 33 се позитивни.

Во цела Италија во последните 24 часа тројца луѓе починаа од ковид-19, за разлика од вчера, кога имаше 14. Уште 219 нови случаи на инфекција се откриени низ цела Италија во последните 24 часа, а 143 се прогласени за оздравени.

Во болница сè уште се 743 лица, од кои 47 се во одделенијата за интензивна нега. 11.648 лица сè уште се во самоизолација.

Од почетокот на епидемијата на 20 февруари, во Италија се регистрирани вкупно 35.045 смртни случаи предизвикани од ковид-19.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе