Странска воена техника грми околу Триполи

Во Либија е во тек руско-турска војна, но без медиумска помпа (ВИДЕО)

Иако без вообичаеното медиумско внимание, во Либија во тек е директен судир на руската и турската воена техника. Според најновите информации, рускиот „панцир С1Е“ соборил турски борбен дрон „барјактар“. Не е тајна дека Либиската национална армија на генералот Халифа Хафтар има „панцири“, кои ги добила од Обединетите Арапски Емирати. На другата страна, единиците на Владата за национален спас ѝ помагаат Турците, кои и управуваат со своите беспилотни летала.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Владата за национален спас ја предводи премиерот Фајез Сараџ, а „источната влада“ Абдул Абдурахман Танија, на чија страна е Либиската национална армија со која командува генералот Хафтар, поддржана од Египет и Арапските Емирати.

Доказ за жестокоста на судирите е тоа што минатата недела турската агенција Анадолија соопшти дека борбени дронови „барјактар“ за четири дена уништиле дури девет „панцири С1Е“.

Никој од руските власти не го коментираше тоа, бидејќи Москва тврди дека нивната војска не војува во Либија. Но затоа реагираа руските експерти, кои се обидоа да ја уверат својата јавност дека тие загуби не можат да ѝ нанесат штета на Русија бидејќи извозната верзија „панцир С1Е“ се разликува во електрониката од онаа која ја има руската армија.

На другата срана, единиците на Владата за национално единство заробувањето на макар и оштетен „панцир“ во близина на Триполи го сметаат за голем воен успех. Нема сомнеж дека тие таквите трофеи ѝ ги предаваат на турската армија, за таа да може да го расклопи и да види во што е тајната на ракетните комплекси. Докторот по воени науки Константин Сивков вели дека „панцир С1“ претходно им бил продаван на Срија и други земји на Блискиот Исток, меѓу кои и Обединетите Арапски Емирати кои го поддржуваат генералот Хафтар.

Пензионираниот полковник Владимир Мухин, но и други руски аналитичари, тврдат дека анализите покажале дека противниците успевале да ги уништат „панцирите“ поради незнаењето на војниците и офицерите кои ги опслужуваат.

Силите на генералот Хафтар, пак, тврдат дека собориле 14 турски борбени дронови и четири борбени авиони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе