„Покажува“ кон Израел

Во Либан крената статуа на убиениот ирански генерал Сулејмани (ВИДЕО)

Огромна статуа на иранскиот командант Касем Сулејмани, убиен во американски воздушен напад со дрон во јануари, е поставена на југот на Либан, крај границата со Израел.

Статуата на командантот на елитната единица Кудс во селото Марун ал Рас ја поставиле членови на шиитската екстремистичка организација хезболах, која е поддржана од Иран.

Статуата на е врвот на споменикот направен да биде дел од таканаречениот музеј на отпорот.

Фигурата на Сулејмани пружа рака во правец на територијата на Израел, што се смета за алузија на планот на Хезболах да ја преземе контролата врз областа Галилија на северот на Израел и клучната улога на единицата Кудс во подготовките на таа организација за потенцијален судир со израелската војска, јавуваат израелските медиуми.

На снимката постирана на социјалните мрежи се гледа како членови на Хезболах се радуваат на откривањето на статуата покрај која има палестинско знаме.

Сулејмани командуваше со единицата Кудс на иранската Револуционерна гарда и ги надгледуваше иранските воени операции во Ирак и Сирија.

Тој и уште осум луѓе беа убиени на 3 јануари во напад со дрон кај багдадскиот меѓународен аеродром.

Агенцијата Ал арабија на англиски јазик објави дека по повод 40 дена од убиството на Сулејмани се појавиле негови фотографии низ Италија.

Групата Фронте еуропео пер ла Сирија која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад соопшти дека ги поставила постерите во Чест на Сулејмани. Постерите се поставени во неколку италијански градови, вклучувајќи ги Рим и Милано.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе