Во Косово вратени семејствата на џихадисти од Сирија, целата акција голема тајна

Десетици жени и деца, членови на семејства на косовски џихадисти кои војуваа во Сирија, со авион се вратени на Косово, а целата операција е спроведена со големи безбедносни мерки.

„Планираната операција на враќање на некои од нашите граѓани од Сирија е успешно завршена“, изјави од аеродромот рано утрово косовскиот министер за правда Абелрад Тахири, пренесе Ројтерс.

Нови детали ќе бидат објавени подоцна во текот на денот, додаде министерот.

По неколку часа на аеродромот, два автобуси со жени и деца се упатени во воена база близу Приштина под големи безбедносни мерки.

Повеќе од 300 косовски граѓани, мажи, жени и деца, отпатувале во Сирија во 2012 година. Околу 70 мажи кои војувале од страната на исламистичките екстремисти се убиени во судирите.

Полицијата истакна дека околу 150 жени и деца, вклучувајќи и 60 деца кои се родени на бојно поле, се заробени откако џихадистичката група на т.н. исламска држава почна да ги губи своите територии.

Не е јасно дали со денешното пристигнување се вратени сите државјани на Косово од бојното поле на Блискиот Исток. Ниту министерот ниту полицијата не кажаа ништо за тоа дали во Косово се вратиле и борците.

Меѓународните и локалните агенции за безбедност претходно предупредуваа за ризикот од војниците повратници. Во 2015 година, Косово изгласа закон со кој учеството во странски конфликти се казнува до 15 години затвор.

Косовското население го чинат 90 проценти муслимани, но мнозинството се изјаснува како секуларно општество.

Во Косово немало терористички напади на исламисти, иако стотици мажи се уапсени или обвинети заради војување во Сирија и Ирак.

Некои од нив биле осудени затоа што планирале напади во Косово.

Владата напомена дека одреден облик на радикален ислам е увезен во Косово преку невладини организации од Блискиот Исток кои дејствувале во Косово по војната во 1998 година и прогласувањето на независност од Србија.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе